Македонските ракометари по втор пат поразени од Египет
- Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Египет на гостувањето во Каиро со 31:26.
Каиро, 6 ноември 2021 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Египет на гостувањето во Каиро со 31:26.
Ова е втор пораз за избраниците на селекторот Кирил Лазаров по вчерашните 32:25.
Двата натпревари против Египет беа во рамки на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари.
Македонската репрезентација на почетокот на следната година ја очекува настапот на Европското првенство. Противници бво групата ќе и бидат Словенија, Црна Гора и Данска. зс/