• сабота, 23 ноември 2024

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА
Цирих, 16 септември 2021 (МИА) – Македонската репрезентација назадуваше две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација, објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија. Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за Светското првенство, најдобро рангирана е Германија (14-та), Романија е 42-ра, Исланд 60-ти, Ерменија 89-та и Лихтенштајн 188-ми. Лидер е Белгија пред Бразил и Англија. Во ТОП 10 селекции се и: Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска. зс/

Остани поврзан