• вторник, 24 декември 2024

Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија

Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска денеска ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Имери Илкоска добила специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.

Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.

Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија).

На концертот ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

-Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено, потенцира маестра Имери Илкоска.фф/са/

Фото: Социјални мрежи на Дијана Имери Илкоска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан