• вторник, 25 март 2025

МАЕИ бара јавно извинување од познат албански стопанственик кој употреби навредливи зборови за Македонците

МАЕИ бара јавно извинување од познат албански стопанственик кој употреби навредливи зборови за Македонците

Дебар, 24 март 2025 (МИА) - Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) остро реагираше во однос на употребата на навредливи зборови за Македонците во Албанија, од страна на познатиот албански стопанственик Ѓерѓи Луци, од кого побара јавно извинување.

-Исто така против Луца, сопственик на компанијата „Розафа“ поднесовме жалби до Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител на Албанија. Во жалбите се бара јавно извинување за употребата на навредливи зборови насочени кон Македонската заедница во Албанија. Тој меѓу другото Македонците ги нарекува „будалетинки“, без никаков повод и причина од наша страна, информираа за МИА од партијата.

Од двете институции, но и пошироко, побарале и апелираат да се спречи употребата на навредливи зборови во иднина.

-Како партија која се залага за правата на Македонците во Албанија, продолжуваме да работиме на заштита на нашето достоинство и култура, и се надеваме на правична и сериозна реакција од надлежните институции, очекуваат од МАЕИ.

По острата реакција на МАЕИ, Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, упати извинување до македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија, во интервју за бугарски медиум. вт/дма/

Фото: Лого

Остани поврзан