МЗШВ: Исплатени близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
- Од МЗШВ истакнаа дека приоритет на што се работи е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор.
Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 - директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 - финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство, потоа 1.060.218 денари по подмерка 1.1 - финансиска поддршка за предадена оризова арпа од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година, соопштија од МЗШВ.
Од МЗШВ истакнаа дека приоритет на што се работи е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор. бд/сст/
Фото: веб-страница на МЗШВ