• сабота, 23 ноември 2024

Мадиќ: Се е подготвено за одржување на првите внатрепартиски избори в недела, согласно сите мерки за заштита од коронавирусот

Мадиќ: Се е подготвено за одржување на првите внатрепартиски избори в недела, согласно сите мерки за заштита од коронавирусот

Скопје, 18 март 2021

Почитувани граѓани, почитувани новинари, драги социјалдемократи,

Во недела на 21 март, СДСМ ќе ги одржи своите први директни, непосредни, внатрепартиски избори на кои сите активно регистрирани членови ќе избираат Претседател.

Централната Изборна Комисија во изминатиов период, согласно Статутот и Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор за Претседател на СДСМ ги превзеде сите дејствија за одржување на изборите.

Изборите ќе ги спроведат во сите 80 општински ораганизации на СДСМ од страна на општнски изборни комисии и избирачки одбори.

Има вкупно 80 Општински Изборни Комиси и вкупно 237 Избирачки Одбори, а изборите ќе се спроведат на исто толку Избирачки Места.

Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и протоколи за заштита на здравјето на сите учесници.

Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место.

Согласно нивната слободно изразена волја да гласаат, за време на процесот на ажурирање и активна регистрација, за Избирачкиот список се пријавени  68 999 членови.

237 избирачките места ќе бидат отворени од 08.00 часот наутро до 19.00 часот попладне.

Сите избирачки места ќе бидат соодветно означени, брендирани, исчистени и со соодветни протоколи за заштита на здравјето.

Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош).

При влез на гласачкото место, Избирачкиот одбор го проверува идентитетот а преку персоналниот електронскиот код на картичката се потврдува членството во СДСМ.

Гласањето е тајно, за што се обезбедени паравни и кутии за гласање.

Првите внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни како за членовите на Општинските изборни комисии, за членовите на Избирачките одбори, така и за членовите кои ќе гласаат.

Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.

Согласно протоколот за заштита на здравјето, ќе биде обезбедена соодветна дистанца на членовите на избирачкиот одбор, како и на гласачите, просториите редовно ќе се проветруваат, чистат и дезинфицираат, а секако останува задолжителното носење маска.

Гласањето на болни и немоќни е овозможено согласно Правилникот и Упатството за гласање на болни и немоќни, утврдено и донесено од Централната Изборна Комисија, еден ден порано, односно на 20.03.2021 година (сабота).

Централната Изборна Комисија како највисок изборен орган на СДСМ, како и сите Општински Изборни Комисии и Избирачки Одбори се целосно подготвени за спроведување на првите непосредни избори за избор на Претседател на СДСМ.

Информација за текот на гласањето и резултатот ќе соопштиме во недела по завршување на процесот на гласањето.

Изборите во недела на 21 март, претставуваат постулат на демократските вредности, каде прв пат во историјата на нашата држава, самите членови на партијата ќе си го бираат својот претседател.

Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена. Убедени сме дека процесот на гласање ќе мине во најдобар ред со целосно почитување на одредбите од Правилникот и со целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Благодарам.

Прес-конференција на Викторија Мадиќ, претседателка на Централната Изборна Комисија на СДСМ Центар за комуникации со јавноста - СДСМ

_______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан