• четврток, 13 март 2025

Магла до 100 метри во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар

Магла до 100 метри во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар, информира ЈП „Македонија пат“. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.

-На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Нашите дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“. мч/мд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан