МААЕ: Иранскиот реактор Хондаб е сериозно оштетен, повеќе не е во функција
- Истражувачкиот реактор Хондаб во Иран е тешко оштетен од нападите и повеќе не е во функција, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) доцна синоќа.
Техеран, 30 март 2026 (МИА) - Истражувачкиот реактор Хондаб во Иран е тешко оштетен од нападите и повеќе не е во функција - соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) доцна синоќа.
„Врз основа на независна анализа на сателитски снимки и сознанија за инсталацијата, МААЕ потврди дека фабриката за производство на тешка вода во Хондаб, за која Иран објави дека била нападната на 27 март, претрпела сериозни оштетувања и повеќе не е во функција“, соопшти агенцијата на „X“.
„Инсталацијата не содржи деклариран нуклеарен материјал“, додаде таа.
Реакторот во близина на градот Арак беше погоден минатиот јуни кога Израел и САД нападнаа ирански нуклеарни објекти. Во тоа време МААЕ соопшти дека градежните работи сè уште се во тек и дека следствено таму не е присутен нуклеарен материјал.
Израелската војска го потврди нападот во петокот наведувајќи ги повторените обиди на Иран да го обнови објектот по минатогодишните напади. мс/јт/
фото: Архива