ИДФ потврди дека нападна објект на ИРГЦ во центарот на Техеран
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска потврдија дека извршиле напад брз воен објект на Револуционерната гарда на Иран (ИРГЦ), што се наоѓал во Универзитетот Имам Хосеин во центарот на Техеран
Ерусалим, 30 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска потврдија дека извршиле напад брз воен објект на Револуционерната гарда на Иран (ИРГЦ), што се наоѓал во Универзитетот Имам Хосеин во центарот на Техеран.
ИДФ тврди дека во Универзитетот се наоѓа „едно од централните воени инфраструктурни места на ИРГЦ“, што се користи како цивилен објект, каде се спроведуваат истражувања и развој на оружје, вклучително балистички ракети и друга напредна технологија.
При нападот, како што тврди ИДФ, погодени се неколку клучни делови на комплексот на ИРГЦ, вклучително подземни аеротунели, што се користат за тестирање на балистички ракети, хемискиот центар за истражување на хемиско оружје и централниот инженерски комплекс поврзан со развој на оружјето. ми/сд/
фото: МИА архива