• вторник, 31 март 2026

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Рим, 30 март 2026 (МИА) – Италијанските медиуми денеска објавија дека од музеј во Парма украдени се три уметнички слики со вкупна вредност од околу девет милиони евра.

Крадците влегле во музејот „Фондација Мањани-Рока“ и за три минути успеале да ги украдат сликите „Рибата“ на Пјер-Огист Реноар, „Чаша и чинија со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри Матис.

Кражбата се случила пред повеќе од една недела. ми/сд/

фото: Википедија

Остани поврзан