• вторник, 31 март 2026

Голем земјотрес регистриран во близина на Вануату

Голем земјотрес регистриран во близина на Вануату

Порт Вила, 30 март 2026 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Тихи Океан во близина на Вануату.

Земјотресот бил на длабочина од околу 115 километри, на околу 35 километри североисточно од вториот по големина град на Вануату, Луганвил.

По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. ми/сд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан