• четврток, 07 ноември 2024

Лукашенко се заканува со употреба на нуклеарно оружје

Лукашенко се заканува со употреба на нуклеарно оружје

Минск, 27 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде нападната од НАТО, пренесува руската државна агенција ТАСС.

- Напад врз Белорусија е вовед во Трета светска војна,  изјави Лукашенко, додавајќи дека границите на државата се црвена линија и секое прекршување ќе има моментален одговор.

Според Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин го потврдил неговото тврдење со последните измени на руската нуклеарна доктрина. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан