Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер ја погоди централна Турција
- Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централната турска провинција Сивас, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).

Анкара, 13 јуни 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централната турска провинција Сивас, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Гурјун на длабочина од седум километри.
Засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. рп/
Фото: МИА архива