• среда, 13 ноември 2024

Лукашенко: Западот со санкции нема да ги фрли на колена Минск и Москва

Лукашенко: Западот со санкции нема да ги фрли на колена Минск и Москва
Минск, 29 април 2022 (МИА) - Западот со санкции нема да успее да ги фрли на колена Минск и Москва, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. Низ разговор со граѓаните во регионот на Гомељ, Лукашенко истакна дека Белорусија и Русија имаат доволно ресурси, техонологија и интелигенција. Тој повтори дека притисокот со санкции, принудува на барање нови можности. - Пазарот е отворен, мора да се движите, а не да плачете, додаде белорускиот претседател. бд/гт/

Остани поврзан