• четврток, 07 ноември 2024

Лукашенко во Минск го прими Шојгу: На Белорусија и се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани како своја територија

Лукашенко во Минск го прими Шојгу: На Белорусија и се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани како своја територија

Минск, 10 април 2023 (МИА) – Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска во Минск го прими рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и притоа изјави дека на неговата земја и се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани „како своја територија“, во случај на надворешен напад врз земјата, пренесе агенцијата Белта.

Средбата со рускиот министер за одбрана следи по неодамнешните разговори меѓу Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин.

-Западните земји не ги исполнуваат и всушност ги погазија договорите за безбедносни гаранции, кои беа дадени со Меморандумот од Будимпешта во замена за повлекување на нуклеарното оружје, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател изјави дека тука е вклучена и економската безбедност.

-Но, каква економска безбедност, ако воведат санкции против нас, Русија“, рече Лукашенко.

Затоа, наведе, го отворил ова прашање во преговорите со претседателот на Русија и дека апсолутно го поддржува. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан