• петок, 21 март 2025

Лукашенко: Белорусија ја поддржува и ја помага РС

Лукашенко: Белорусија ја поддржува и ја помага РС

Минск, 20 март 2025 (МИА) – Белорусија, колку што е можно, е подготвена да ја поддржува и помага Република Српска, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на средбата со претседателката на Советот на народи на РС, Сребренка Голиќ.

- Мило ми е што ве гледам во Белорусија. Сакам да знаете дека не само што дојдовте во земја блиска до вашиот народ, туку дојдовте кај вашите пријатели, кај вашите роднини, дојдовте во вашата Белорусија, истакна Лукашенко.

Тој наведе дека е добро упатен во ситуацијата во РС и за Дејтонскиот договор.

- Ги видов сериозните недостатоци на тој договор. И го предупредив мојот колега и пријател Слободан Милошевиќ во тоа време дека мораме да бидеме многу внимателни кога го склучуваме тој договор по налог на Западот, Американците. Дека тоа може да донесе многу неволји за народот. Знаете дека дел од тоа се случи, посочи Лукашенко.

Тој додаде и дека е убеден дека Русија ја разбира и оценува ситуацијата на сличен начин.

- Го знаеме и минатото и сегашноста, затоа сме на ваша страна, наведе Лукашенко, кој на средбата со Голиќ не користел преведувач во разговорот. ми/

фото: ЕПА 

Остани поврзан