Луис де ла Фуенте го продолжи договорот со Шпанија
- Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го продолжи договорот со кој ќе остане на чело до Евро 2028 година, соопшти Шпанската фудбалска федерација.
Мадрид, 27 јануари 2025 (МИА) - Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го продолжи договорот со кој ќе остане на чело до Евро 2028 година, соопшти Шпанската фудбалска федерација.
Де ла Фуенте ќе остане на чело на составот и по Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, до следното Европско првенство кое ќе го организираат Велика Британија и Република Ирска.
Под водство на 63-годишниот стручњак, Шпанија ги доби сите седум натпревари на ЕП 2024, триумфирајќи со титулата по победата од 2-1 во финалето против Англија.
Луис де ла Фуенте започна со младинските репрезентации на Шпанија во 2013 година, почнувајќи со тимот до 19 години, а потоа го предводеше тимот до 23 години до среброто на Олимписките игри во Токио.
Тој беше назначен за селектор на сениорската репрезентација на земјата во 2022 година, а следната година славеше со трофејот во Лигата на нации. дс
Фото: Архива