• вторник, 03 декември 2024

Лошите страни на работата со роботи

Лошите страни на работата со роботи
Сеул, 22 февруари 2022 (МИА) - Американски и јужнокорејски истражувачи открија дека врската меѓу човекот работник и роботот понекогаш е претерано силна и дека тоа може да биде лошо за работата. Понекогаш, силната „емоционална врска со роботите-колеги“ може негативно да влијае на „севкупниот квалитет на тимската работа и делотворност“ на компанијата, според научниците. Испитувањата на научниците од Универзитетот на Мичиген (САД), и Универзитетот Сунгкункван (Јужна Кореја) од овој месец, открија дека кога работникот е поприврзан за робот, тоа често доведува до потсвесното сфаќање - „ние против нив“, каде што двоецот човек-машина се натпреварува со останатите во тимот наместо позитивно да придонесе кон подобри тимски однос и перформанси. Лајонел Роберт, вонреден професор на Информатичката школа во Мичиген и Сангсеок Ти, јужнокорејски доцент по менаџмент на информациски системи, спроведоа серија постапки за да утврдат - како прекумерната поврзаност човек-робот влијае на севкупната делотворност на тимот? Во испитувањата, 88 луѓе беа поделени во 44 тима, секој составен до двајца луѓе и два робота. Екипите добија задача да преместуваат шишиња од различни позиции во конкурентна средина. По експериментот, учесниците беа прашани - како ги оценуваат нивните перформанси и поврзаност со човечки и роботски партнери? Откриено е дека кога луѓето развиваат поголема врска со роботите, тимовите од двајца луѓе и две машини главно биле дополнително поделени и во подгрупи, што негативно влијае на „квалитетот и делотворноста“ на тимот. Научниците сметаат дека постои начин да се спречат ваквите несакани појави. Според сѐ, потребно е да се подобри комуникацијата меѓу луѓето, кои инаку би можеле да се поврзат со машините. Меѓу препораките се заеднички активности - екскурзии, спортски настани за вработените или разни активности коишто ќе го подобрат тимскиот дух.  си/

Остани поврзан