• сабота, 23 ноември 2024

Лондон ќе го повика францускиот амбасадор во однос на заканите од Париз за дозволите за риболов

Лондон ќе го повика францускиот амбасадор во однос на заканите од Париз за дозволите за риболов

Лондон, 29 октомври 2021 (МИА) - Лондон објави дека сака да го покани францускиот амбасадор на консултации, како одговор на заканите на Париз за одмазда за премалку дозволи за риболов.

Париз ја обвинува Британија за тоа што на рибарите им дала премалку дозволи за риболов по Брегзит. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека активностите што Франција ги разгледува се „неоправдани“ и и наложи на нејзината државна секретарка за Европа, Венди Мортон, „да го повика францускиот амбасадор“, наведува портпаролката на британската Влада во соопштението. „Повторуваме дека Владата одобри 98 отсто од барањата за дозволи за бродови на ЕУ да ловат риба во водите наВелика Британија“, додава портпаролката, повикувајќи се на податок што Франција го оспорува и зборува за 90 отсто. Франција соопшти дека на нејзините рибари им недостигаат половина од дозволите потребни за риболов во британските води, за што Париз вели дека Лондон им го должи по напуштањето на Европската унија. Во средата Франција објави список на санкции кои би можеле да стапат на сила на 2 ноември доколку не се постигне потребниот напредок во спорот за рибарството со Британија.
„Франција може да ги засили граничните и санитарните проверки на британската стока, оневозможувајќи им на нејзините рибарски бродови пристап до одредени пристаништа и засилување на контролите на камионите кои патуваат меѓу двете земји“, се вели во заедничкото соопштение на француските министерства за поморски работи и за европски прашања. паг/
 

Остани поврзан