Локе Расмусен: Значајно е што Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд
- Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска изјави дека е значајно што претседателот на САД, Доналд Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд

Копенхаген, 5 март 2025 (МИА) – Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска изјави дека е значајно што претседателот на САД, Доналд Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд.
- (Трамп) кажа дека (тие) го почитуваат правото на самоопределување на Гренланѓаните и тоа, мислам, е најважниот дел од овој говор, истакна Локе Расмусен.
Според него, Данска и Гренланд имаат заеднички интереси со САД во однос на безбедноста на Арктикот.
Трамп вчера пред Конгресот изјави „Цврсто го поддржуваме вашето право да ја одредите вашата иднина. И ако одлучите, добредојдовте во САД. Ни треба Гренланд за национална безбедност, па дури и за меѓународна безбедност. Работиме со сите засегнати страни за да го постигнеме тоа“.
Според анкетите поголем број од граѓаните се против присоединување на Гренланд со САД и покрај тоа што мнозинството поддржува прогласување независност од Данска.
Според Владата на Данска, Гренланд треба да одлучи за својата иднина. ми/
фото: ЕПА