• четврток, 24 октомври 2024

Приведен разбојник во Скопје

Приведен разбојник во Скопје

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје вчера во 05.50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од село Арачиново, скопско.

МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата.

- Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан