• понеделник, 16 декември 2024

Лишен од слобода кавадарчанец кој се заканувал на сопругата со која не живеел заедно

Лишен од слобода кавадарчанец кој се заканувал на сопругата со која не живеел заедно

Лишен од слобода кавадарчанец кој се заканувал на сопругата со која не живеел заедно

Кавадарци, 5 декември 2024 (МИА) – Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, по пријава дека се заканувал на сопругата со која не живеел заедно, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Т.(49) од овој град, постапувајќи по пријава од неговата 45-годишна сопруга, со која не живееле заедно, дека ѝ се заканувал на социјална мрежа. С.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/ир/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан