Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
- Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Утврдено е дека Н.Н возел под дејство на алкохол, по што бил лишен од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Утврдено е дека Н.Н возел под дејство на алкохол, по што бил лишен од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
-Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка. По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, се вели во соопштението на МВР. бт/нд/
Фото: МИА архива