• сабота, 23 ноември 2024

Лишено од слобода лице барано со потерница за казна затвор од три години

Лишено од слобода лице барано со потерница за казна затвор од три години

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Во Прилеп вчера во 12.55 часот полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Ј.Ч.(37) од Прилеп.

МВР денеска соопшти дека таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан