• петок, 26 јули 2024

Лишени од слобода двајца косовски државјани, во автобус криумчареле стока без соодветна документација

Лишени од слобода двајца косовски државјани, во автобус криумчареле стока без соодветна документација

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово денеска околу 03.50 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово, пронашле кутии со лекови, кафе, брендирани чанти, машки парфеми и други предмети без документација.

- При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација, соопштија од МВР.

Во соопштението од МВР се наведува дека Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка. цр/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан