Литературна средба: Преводите на Олга Панкина остануваат како траен белег за достигнувањата на македонската книжевност
- Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска одржа литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина, насловена „Ден на македонската книга на руски јази

Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска одржа литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина, насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“.
Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање на средбата посочи дека Олга Панкина е амбасадор на македонската книжевност. Нејзиното име и презиме, како што рече, е синоним за неуморен трудбеник и работник.
- Ние вакви луѓе како Олга Панкина не можеме да платиме со пари, можеме само со љубов, со позитивна енергија и со убави пригодни зборови. Оној кој што не преведувал, не знае колку е тешко да се преведува. Преведувачката дејност, преведувачката работа е една од најтешките и најмакотрепните, рече Петрески.
Тој напомена оти верува дека Олга постојано ќе ја љуби македонската литература и ќе ја преведува.


