Лимани: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања
- Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на неколку институции од социјална и детска заштита во Општина Гостивар. Заедно со градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани го посетија Центарот за аутизам „Blue puzzle“, со цел донација на хуманитарни пакети од граѓанската организација АДРА, информираат од Министерството.
Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на неколку институции од социјална и детска заштита во Општина Гостивар. Заедно со градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани го посетија Центарот за аутизам „Blue puzzle“, со цел донација на хуманитарни пакети од граѓанската организација АДРА, информираат од Министерството.
Оттаму велат дека приказната за основањето и грижата за децата со аутизам на „Blue puzzle" е восхитувачка и никого не остава рамнодушен.
-Група родители соочени со предизвикот со аутизам дијагностициран кај нивните деца започнуваат една навистина предизвикувачка мисија да создадат ваков центар со највисоки стандарди за третман и терапија на деца со аутизам, се вели во соопштението од Министерството за социјална политика демографија и млади.
Министерот Лимани уште еднаш ја потврдил целосната поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
-До денес во системот на социјалната заштита имаме околу 133 лиценцирани даватели на социјални услуги, кои овозможуваат на корисниците да водат независен живот и можност да се вклучат во општеството на еднаква основа. Донација од хуманитарни пакети од организацијата АДРА, беа донирани и во Дневниот центар за лица со телесна и интелектуална попреченост во Гостивар, каде што на дневна основа услугата ја користат 10 деца. Проактивноста на општините е од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Општина Гостивар аплицираше и доби грант за проширување на капацитетите на детски градинки, односно адаптирање на просториите во други просторни услови, што го овозможува Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Светска банка. Конкретно, две училници во основното училиште „Браќа Гиновски“ ќе бидат адаптирани за групи на деца од предучилишна возраст, со капацитет од вкупно 60 деца, велат од Министерството.
Во моментов, Oпштина Гостивар аплицира за изградба на нов објект во рамките на детската градина „Детска радост“. Во тек е обезбедување на потребната документација и исполнување на сите правни услови за овој проект да ја добие финансиската поддршка од Министерството.
Министерот Лимани искажал особено задоволство што можел да соопшти дека ЈУ Детска Радост, Гостивар, објект Цветови добила согласност за 10 нови вработувања. Се разговарало и за измените на Законот за детска заштита, со кој се откочува процесот на лиценцирање и се овозможува покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо тие да се добиваат и на албански, понатаму и испитот ќе се полага и на албански јазик, односно на јазикот на кој зборуваат 20 отсто од граѓаните во Северна Македонија. сст/аа/
фото од Министерство за социјална политика демографија и млади.