Доделување на наградите „Гласник на невидливите“, меѓу наградените и новинар на МИА
- Меѓу наградените годинава е и новинарот Слободан Иванов од Медиумската информативна агенција кој работеше на видео сторија „Пристап до објекти, образование и вработување - најчести предизвици за лицата со попреченост“.
Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Македонската платформа против сиромаштија денеска ќе ги додели годинашните награди „Гласник на невидливите“.
Меѓу наградените годинава е и новинарот Слободан Иванов од Медиумската информативна агенција кој работеше на видео сторија „Пристапот до објекти, образование и вработување - најчести предизвици за лицата со попреченост“.
Годинашни добитници на оваа награда се и Ана Арсеновска Зафирова - „Каков 8 март одбележуваат жените, мајки на деца со аутизам“, Гоше Николов - „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“, Емилија Бунтеска Нацоска - „Расте бројот на гладни, редиците пред народните кујни сѐ подолги“, Кристијан Ландов - „Претрес: Од раскош до бездомништво, од семејство до улица - сурови животни приказни“, Љубица Иванова - „На улица наместо во училишните клупи - Македонија без решение за децата од улица“ и Наташа Доковска - „Менструацијата не е луксуз – зошто боли двојно во сиромаштија?“.
Наградата „Гласник на невидивите“ им се доделува на новинари кои пишуваат за социјални теми поврзани со сиромаштија и социјалната исклученост, кои на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. бак/вг/
Фото: МИА архива