• петок, 08 ноември 2024

Лиз Чејни: Трамп не е способен да ги води САД

Лиз Чејни: Трамп не е способен да ги води САД

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) – Поранешната конгресменка на Републиканската партија, Лиз Чејни синоќа учествуваше на предизборен митинг во Рипон, Висконсин, за поддршка на противкандидатката на потпретседателката и кандидатка на Демократската партија Камала Харис.

Чејни изјави дека поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп „не е способен да ги води САД“.

Лиз е ќерка на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни за мандатот на Џорџ Буш помладиот.

Лиз и Дик Чејни се најистакнатите републиканци кои ја поддржуваат Харис. ми/

фото: Икс

Остани поврзан