• среда, 25 декември 2024

Либан и Израел, со посредство на САД, започнаа разговори за спорната граница во Средоземното море

Либан и Израел, со посредство на САД, започнаа разговори за спорната граница во Средоземното море
Накура, 14 октомври 2020 (МИА) - Либан и Израел денеска започнаа индиректни разговори за спорната граница во Средоземното море, со посредство на американски официјални претставници. Соединетите Американски Држави посредуваа во тој спор веќе една деценија, но дури на почетокот на овој месец беше постигнат договор за рамките на разговорите, за кои двете страни тврдат дека се само технички и дека не се знак за какво било нормализирање на односите. Разговорите се водат во седиштето на ОН во близина на пограничниот град Накура на јужниот дел на Либан, во време кога Либан се соочува со економска криза, најтешка во модерната историја и по серијата американски санкции кои неодамна вклучија двајца влијателни министри поврзани со екстремистичкиот Хезболах. Израел, САД, западните и арапските земји сметаат дека проиранскиот Хезболах е терористичка организација. Либан се надева дека откривањето на гас и нафта во либанските територијални води ќе помогне во надминување на кризата и плаќање на долгот, што изнесува 170 отсто од бруто социјалниот приход и е еден од најголемите во светот. Израел и Либан немаат дипломатски односи и технички се во воена состојба. Двете земји сметаат дека имаат право на околу 860 квадратни километри од Средоземното Море како нивна ексклузивна економска зона. паг/  

Остани поврзан