• вторник, 24 декември 2024

Либанската цивилна одбрана извлече 30 тела по израелски воздушен напад

Либанската цивилна одбрана извлече 30 тела по израелски воздушен напад

Бејрут, 6 ноември 2024 (МИА) - Спасувачите извадија 30 тела од урнатините на зграда во градот Барја, Либан, која беше уништена во израелски напад, соопшти денеска либанската служба за цивилна одбрана.

Не е познато дали има преживеани или тела кои сè уште се заробени под урнатините по синоќешниот израелскиот воздушен напад, кој беше извршен без предупредување. Израелската војска не се огласи за нападот.

Петнаесет лица загинаа откако израелските сили ја нападнаа станбена зграда во Барја, во округот Шуф, Либан, јави либанската телевизија Ал Мајадин.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека бројот на жртви од израелските напади врз Либан достигна 3.013 загинати и 13.553 повредени. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан