• петок, 08 ноември 2024

Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка

Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка
Париз, 3 февруари 2022 (МИА) - Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен својата претседателска кампања ја финансира со кредит од 10,6 милиони евра, земен од една унгарска банка. Претходно, Ле Пен се пожали дека има проблем со добивање на кредит во Франција. Според РТЛ радио името на банката нема да биде објавено поради „клаузулата за доверливост“. Во Франција предизборната кампања може да се финансира од членарина и донации на поединци во висина до 4.600 евра. По изборите, системот на паушален надомест на трошоците им овозможува на кандидатите и на партиите да вратат дел од потрошените средства во кампањата. Ако кандидатите одат во втор круг тогаш добиваат 47,5 отсто од утврдениот лимит за трошење. Во 2017 година сумата изнесуваше 10,7 милиони евра. Национален собир за време на локалните избори доби кредит од руската Прва чешко-руска банка во висина од девет милиони евра. по неколку години банката беше затворена. ми/

Остани поврзан