• сабота, 23 ноември 2024

Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Париз, 10 јули 2024 (МИА) - Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави по пристигнувањето во француското Собрание лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (РН) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.

-Тоа е само одложување, рече таа пред Националното собрание, на кое се враќаа пратениците на РН и нагласи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чиј мандат истекува во 2027 година, распиша парламентарни избори откако неговата партија беше поразена од екстремната десница на изборите за ЕУ ​​минатиот месец и рече дека ќе ја расчисти ситуацијата, што не се случи, јавуваат британските медиуми.

-Во најмала рака, ова не е голем успех за Емануел Макрон, се пошегува Ле Пен.

Неочекуваниот исход од неделните предвремени избори, на кои левичарскиот Нов народен фронт (НФП) освои најмногу гласови, но ниту една група не освои апсолутно мнозинство, ја втурна Франција во неизвесност, без јасен пат до стабилна влада, наведуваат британските меидуми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан