• сабота, 07 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лејкерс израмнија во серијата со Минесота

Лејкерс израмнија во серијата со Минесота

Лос Анџелес, 23 април 2025 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс утрово ја победија Минесота со 94:85 во вториот натпревар од првото коло на НБА плејофот 94:85.

Во победничкиот тим дабл-дабл забележа Лука Дончиќ (31 поен и 12 скока).

Третиот натпревар од серијата прв до четири победи ќе се одигра на 26 април на теренот на Тимбервулвс. Натпреварот започнува во 3:30 часот по македонско време.

Ноќта вторник кон среда победи забележаа и Индијана над Милвоки со 123:115 (2:0 во серијата), како и Оклахома против Мемфис (2:0). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан