• вторник, 24 декември 2024

Лефков: Пендаровски лажеше кога викаше "Нема правда, нема мир", за на крај да ја урниса правдата и да кумува на криминалот на СДС

Лефков: Пендаровски лажеше кога викаше

Скопје, 5 март 2024

Стево Пендаровски дојде на власт на бранот "Нема правда, нема мир", го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа.

Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал.

Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека "Нема правда, нема мир" беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон.

Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста.

На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони.

Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан