• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лефков: Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратки на Левица контра Трамп и Америка

Лефков: Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратки на Левица контра Трамп и Америка

Скопје, 24 февруари 2025

 

Интегрален текст од прес-конференција

Говорник: Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Почитувани,

Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратките на Левица, контра претседателот Трамп и Америка.

Венко Филипче и СДС со денови молчат и никако не се оградуваат од Сашо Ордановски, кој важи за сива еминенција на партијата, за неговите навреди врз претседателот Трамп и САД.

Очајниот Филипче и СДС се спремни да го свртат курсот на државата и да ја оддалечат од нашиот стратешки партнер САД.

СДС се до толку загубени и немаат политика, што почнаа да ги копираат Левица.

И СДС и Левица се против добрите односи на САД и Македонија, а се за Енвер Хоџа и комунистички диктатори.

Што е следно? Филипче да побара од Апасиев да го однесе на гробот на Енвер Хоџа?

Воочлива е безидејноста на СДС, но и потребата по секоја цена да се оди против се што е добро за државата, со надеж дека ќе соберат некој поен, по логика само ним разбирлива.

За жал на СДС и Филипче, а за среќа на Македонија, државата ја води ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои имаат јасна стратешка ориентација кон САД и се за силен економски развој на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан