• понеделник, 23 декември 2024

Летна археолошка школа за студенти организираше музејот „Теракота“ од Виница

Летна археолошка школа за студенти организираше музејот „Теракота“ од Виница

Виница, 25 јули 2024 (МИА) – Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница беше домаќин и организатор на втората Летна археолошка школа што се одржа на локалитетот Градиште 2 кај селото Виничка Кршла. 

На десетдневната школа учествуваа осум студенти од прва до трета година на Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Основна цел на проектот беше студентите да се воведат во археолошките истражувања и да се запознаат со основните принципи и методи на теренско и кабинетско работење. 

-Се работеше на проширување и доистражување на отворените сонди од првата летна школа што се одржа пред две години, а на која беше откриена една складишна просторија од железното доба. Исто така, учесниците на оваа школа ангажирани на заокружување на целината од светиот простор на населбата, каде вењќе се откриени простор за спалување и олтар од истиот временски период, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“.

Покрај теренските активности, студентите имаа теоретски предавања за виничкиот регион од професорите на катедрата за археологија Марјан Јованов, Антонио Јакимовски, Ирена Теодора Весевска и Бошко Ангелоски. Практичниот дел и работатата на локалитетот го водеа стручните соработници Кирил Денковски, Антонио Стојановски, кустос Златко Костадинов, виш кустос Благица Стојанова и раководителот на проектот Јовица Илиев.

Летната археолошка школа е финансирана од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2024 година, а беше поддржан и од Општина Виница, музејот „Теракота“ и од локални комапнии. та/сст/

 

фото: музеј Теракота

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан