• петок, 21 февруари 2025

Леонид Ромовски најсреќен за Водици во Делчево

Леонид Ромовски најсреќен за Водици во Делчево

Делчево, 19 јануари 2025 година (МИА) - Со традиционална свечена црковна церемонија, во присуство на стотици верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Леонид Ромовски беше најсреќен и успеа од дваесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката Брегалница. 

-Втора година по ред учествувам и за прв пат го фаќам Крстот на Водици. На граѓаните им посакувам многу здравје среќа и успех во новата година, истакна Ромовски.

Честитајќи му го фаќањето на  Светиот крст на младиот Леонид, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски додаде дека осветувањето на водите на река Брегалница на овој убав ден е традиција која опстојува и го чува нашиот идентитет и вера.

-Тоа е традиција која нѐ обединува во вербата и во желбите за бериќет и благосостојба. Овој ден со себе носи порака на прочистување, оптимизам, надеж и верба во доброто, совршеното, чистото. Упатувам честитки на нашиот сограѓанин кој успеа да го фати светиот крст од студените води на Брегалница и му посакувам да го следи среќа и него и неговото семејство, а да донесе среќа и бериќет на целиот наш град. Нека е за многу години, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Традиционално, Општина Делчево на среќниот фаќач на Светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 денари, а награди му беа доделени и од страна на свештенството при црквата Успение на Пресвета Богородица и компанијата Зегин. вс/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан