• понеделник, 23 декември 2024

Леклер за дисквалификацијата на Расел по трката во Белгија: Жално е

Леклер за дисквалификацијата на Расел по трката во Белгија: Жално е

Спа, 29 јули 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека не е среќен за третото место на Гран При на Белгија добиено откако Џорџ Расел од Мерцедес беше дисквалификуван.

Дваесет и шестгодишниот Британец победи на етапата во Спа на 28 јули, но по трката беше дисквалификуван поради недоволна тежина на болидот за 1,5 кг. Првото место му припадна на тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон. Втор беше Оскар Пјастри од Мекларен, Леклерк ја затвори првата тројка.

- Се разбира дека никој не сака да се качи на подиумот благодарение на дисквалификацијата на еден од колегите. Мерцедес имаше неверојатна трка. Разликата во тежината очигледно не беше главната причина што му дозволи на Расел да победи. Победија затоа што беа посилниот тим, изјави Леклер за „CRASH“.

Моначанецот истакна дека во такви случаи е тешко да се направи исклучок, а дисквалификацијата на Расел е неправедна.

-Жално е бидејќи тој заврши неверојатна работа, како и Мерцедес, но тоа е дел од трките, додаде тој.

Подоцна Мерцедес ја призна грешката и му се извини на Расел поради фактот што неговиот болид е полесен од дозволеното. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан