Левица: Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме, бараме одговорност
- СООПШТЕНИЕ - Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта.
29 ноември 2024
Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта.
Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.
Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.
Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија.
Политичка партија Левица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.