• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Нема притвор за Беким Незири, функционерите на ДУИ се недопирливи

Левица: Нема притвор за Беким Незири, функционерите на ДУИ се недопирливи

Скопје, 6 јануари 2024

Додека Исмет Гури (поранешен функционер на ДУИ) е во бегство, за Беким Незири судијата одби да изрече притвор, иако Незири се сомничи за тешко кривично дело за кое е предвидена затворска казна од минимум 5 години!

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка, кој не го прифатил предлогот за притвор на Беким Незири за нападот во М-НАВ. Овој судија е заменик претседател на Кривичниот суд Скопје, додека во времето кога Груевски беше во бегство, бил судија за санкции кој ја носел одлуката за издржување на казната затвор. И овој судија се поврзува со криминогената ДУИ, што потврдува дека целокупниот правосуден систем е окупиран од недопирливите ДУИ.

Потсетуваме дека ова не е прв инцидент на функционерот од ДУИ, односно при сличен ваков инцидент во 2010 (во кој напаѓач исто така бил Незири) снимките од сигурносните камери биле избришани. За ваквиот инцидент, не само што Незири не одговарал, туку лицето кое било нападнато подоцна се иселило и од државата поради заканите од Незири!

Наместо партиските директори на ДУИ во М-НАВ да го релативизираат насилството, истите треба веднаш да дадат оставка и да се иницира постапка за да се расветли случајот со приватната агенција за обезбедување “2СС секјурити”. Оваа агенција е во сопственост на Самир Билбилоски од Кичево, кој важи за човек близок до Ахмети. 

Левица бара институциите веднаш да го испитаат работењето на Агенцијата “2 СС Секјурити” и какво е влијанието на Ахмети за делењето милионски тендери на оваа агенција од Кичево.

Безбедносниот инцидент, кој можеше да прерасне во катастрофа, докажа дека безбедноста не смее да биде во рацете на приватните агенции за обезбедување и дека приватизацијата на јавниот сектор е погубна во секоја сфера!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан