• четврток, 25 јули 2024

Левандовски прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА

Левандовски прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА
Нион, 4 ноември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е прогласен за играч на неделата во фудбалската Лига на шампионите, објавено е на официјалниот сајт на УЕФА. Триесет и тригодишниот фудбалер на Баварците постигна хет-трик и асистираше на средбата со Бенфика (5:2) одиграна во вторникот. Полскиот репрезентативец признанието го доби во конкуренција на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој беше двоен стрелец на натпреварот со Аталанта (2:2), напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, кој постигна два гола и асистенција на мечот со Зенит (4:2), како играчот од средниот ред на Спортинг, Педро Гонсалвеш - два гола против Бешикташ (4:0). зс/

Остани поврзан