• четврток, 26 декември 2024

Лажни се дојавите за бомби на Скопскиот аеродром и во дел од училиштата

Лажни се дојавите за бомби на Скопскиот аеродром и во дел од училиштата

Скопје, 16 декември 2022 (МИА) – Полицијата заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и утврди дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР за МИА.

Оттаму посочуваат дека по завршување на проверките ќе информираат и за другите објекти.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни. мс/аа/

Остани поврзан