• вторник, 24 декември 2024

Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина

Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина

Атина, 11 март 2024 (МИА) – Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина.

И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.

Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни. ср/сд/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан