• вторник, 19 ноември 2024

Лагард: Жените лидери подобро ја решаваат кризата со коронавирусот

Лагард: Жените лидери подобро ја решаваат кризата со коронавирусот
Брисел, 23 јули 2020 (МИА) - Жените лидери подобро ја решаваат кризата настаната со пандемијата на новиот коронавирус, оценува директорката на Европската централна банка, Кристин Лагард, фалејќи ја нивната искрена комуникација и посветеност. - Ќе бидам исклучително пристрасна. Не како централна банкарка, туку како јас. Научив дека жените обично подобро ги извршуваат работите, истакна Лагард. Лагард, која е прва претседателка на ЕЦБ, ја издвои германската канцеларка Ангела Меркел и го нагласи како пример нејзиниот научно заснован пристап, како „искрените и транспарентни“ објаснувања на податоците за Ковид-19 и стапката на зараза им помогнале на луѓето да сфатат зошто се неопходни заштитните маски, мерките за физичка дистанца и карантинот, пишува „Гардијан“. - Жените лидерки на Тајван, Белгија и Нов Зеланд, исто така, носеа вода со лоши вести и вода со јасно објаснување и силни препораки, изјави Лагард. Германија ја издржа кризата подобро од многу нејзини европски соседи, додека Тајван и Нов Зеланд се сметаат за успешни примери во борбата против пандемијата. Наспроти тоа, експертите забележале дека машките, популистички лидери, како што се американскиот претседател Доналд Трамп, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и британскиот премиер Борис Џонсон, имале проблеми да го спречат ширењето на епидемијата во своите земји, наведува „Гардијан“. Поранешната француска министерка за финансии Лагард додаде дека „лидерството значи да се биде одговорен и грижлив“. гт/

Остани поврзан