• четврток, 30 јануари 2025

Лавров: УНЕСКО ги поддржува интересите на оние кои сакаат да и нанесат стратешки пораз на Русија

Лавров: УНЕСКО ги поддржува интересите на оние кои сакаат да и нанесат стратешки пораз на Русија

Москва, 28 јануари 2025 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Секретаријатот на УНЕСКО на чело со генералната директорка Одри Азуле ги поддржува интересите на оние кои сакаат да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија.

Лавров нагласи дека УНЕСКО „игра во рацете“ на Киев и неговите западни сојузници и оти секретаријатот молчи за уништувањето на руските културни споменици во Украина и балтичките земји.

На состанокот на руската комисија за УНЕСКО, Лавров ја критикуваше политиката на УНЕСКО, укажувајќи дека организацијата се повеќе станува „алатка“ на западните земји кои сакаат да го „украинизираат“ нејзиниот дневен ред.

Тој истакна дека политизирањето на активностите на УНЕСКО продолжува и покрај кршењето на основните принципи на организацијата и најави дека одлуките против Русија, како оние за Крим, се далеку надвор од јурисдикција на УНЕСКО. Лавров додаде дека изминатата година била тешка, не само за Русија, туку и за меѓународните организации како УНЕСКО, истакнувајќи дека нема илузии за моменталната ситуација во таа организација. Тој, исто така, ги осуди двојните стандарди во одлучувањето во врска со Русија. јт/

Остани поврзан