Лавров пристигна во Малта, на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Малта, каде што ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ, јавија руските медиуми.
Валета, 5 декември 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Малта, каде што ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ, јавија руските медиуми.
Тоа е прва посета на Лавров на земја од ЕУ од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Лани Лавров беше во Скопје, во тоа време претседаваше со ОБСЕ, но една година претходно, Полска, која ја имаше истата функција, одби да му дозволи на рускиот министер да учествува на годишниот состанок на ОБСЕ. мс/
фото: ЕПА