• петок, 20 декември 2024

Лавров: Москва, Техеран и Анкара бараат прекин на борбите во Сирија

Лавров: Москва, Техеран и Анкара бараат прекин на борбите во Сирија

Доха, 7 декември 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија, Иран и Турција се согласиле за итен прекин на борбите во Сирија.

Изјавата ја даде по денешната трилатерална средба со турскиот и иранскиот колега во главниот град на Катар, Доха. Тројцата министри повикаа на дијалог меѓу сириската влада и запирање на воените дејствија.

Рускиот дипломат додаде дека Москва би сакала дијалог меѓу сириската влада и како што рече, легитимната опозиција во Сирија.

Тој истакна дека исламистичката бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам е терористичка, и покрај тврдењата дека ги променила своите ставови.

Говорејќи за израелско-палестинскиот конфликт, Лавров предупреди дека без создавање палестинска држава, екстремизмот ќе продолжи да расте на Блискиот Исток. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан