• среда, 25 декември 2024

Лабуристичката партија најави одговор на Договорот со ЕУ

Лабуристичката партија најави одговор на Договорот со ЕУ
Лондон, 24 декември 2020 (МИА) - Британската опозициска Лабуристичка партија денеска соопшти дека во целост ќе одговори на трговскиот договор со Европска Унија. - Од изборите Лабуристичката партија апелираше до Владата и ЕУ да обезбедат трговски договор,, бидејќи тоа е во национален интерес, изјави портпаролот на лабуристите. Тој додаде дека Лабуристичката партија набрзо ќе ги даде формалните одговори на трговскиот договор. Трговскиот договор е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ. ми/

Остани поврзан