КФОР бара одговорност поради 93 повредени војници мината година во Звечан
- КФОР денеска повторно побара да се изведат пред лицето на правдата извршителите на нападот врз негови припадниците време на протестот во Звечан, што се случи на денешен ден во 2023 година
Приштина, 29 мај 2024 (МИА) – КФОР денеска повторно побара да се изведат пред лицето на правдата извршителите на нападот врз негови припадниците време на протестот во Звечан, што се случи на денешен ден во 2023 година.
КФОР во соопштението наведе дека нападот врз неговите припадници е неприфатлив.
Нападот врз припадниците на КФОР се случи откако се зголемија тензиите во општините во северно Косово и косовската полиција им помогна на новите градоначалници Албанци да влезат во општинските згради, на што се спротивстави локалното српско население, кое не ги прифати резултатите од локалните избори. Ситуацијата ескалираше на 29 мај, кога Србите се судрија со КФОР, при што беа повредени 93 припадници на КФОР, од кои некои се здобија со тешки повреди.
- Денеска им оддаваме почит на заслугите и жртвите на нашите соборци, кои ги ризикуваа своите животи за да ги извршуваат своите должности за сите заедници кои живеат во Косово, во согласност со мандатот на нашата мисија. Нивната храброст помогна да се стабилизира ситуацијата во таа област и спречи понатамошна ескалација, изјави командантот на КФОР, Озкан Улуташ.
Како што се наведува во соопштението на КФОР, по насилството НАТО распореди уште околу 1.000 војници и дополнителни оклопни сили во северниот дел на Косово. ми/
фото: МИА архива